Режија: Јане Спасиќ
Автор: Јане Спасиќ (по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе)
Текстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот. Дали децата може да избегаат од изборите на своите родители и дали може да направат свои самостојни избори или тие секогаш ќе носат сенка од изборите на своите родители, дали постојат универзални вредности или сите се индивидуални? Дали на животот може да му се даде подолготрајна смисла или секоја животна фаза има свое значење? Дали некое од овие прашања има дефинитивен одговор или засекогаш остануваат отворени?
Претставата е работена низ заеднички, експериментален процес заедно со актерите од Театарот за деца и младинци - Драган Довлев, Ненад Митевски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Бојан Кирковски и младиот гостин Михаел Стојановски кој има само девет години.
Сценографијата е на Мери Батакоја, костимите ги дизајнираше Бранкица Јордановска, композитор на музиката е Дарија Андовска, а дизајнот на светлото е на Звездан Миљковиќ.
Играат:
Михаел Стојановски (к.г.)
Драматизација:
Јане Спасиќ
Сценографија:
Мери Батакоја
Костимографија:
Бранкица Јордановска
Музика:
Дарија Андовска
Дизајн на светло:
Звездан Миљковиќ
Рецензии
(globusmagazin.mk) „Еднаш свет изградив“- актуелноста на семејните односи
(Тодор Кузманов) „Еднаш свет изградив“ - Театарска медитација
Прес центар
(TIME.mk) „Еднаш свет изградив“ премиерно во Театар за деца и младинци
(sdk.mk) „ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ“ – ПРЕМИЕРА ЗА ПУБЛИКА НАД 15 ГОДИНИ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ
(novamakedonija.com.mk) Претстава по „Сидарта“ на Хесе во Театарот за деца и младинци