Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор

  • Сцена: Младинска
  • Времетраење: 120 минути (пауза)
  • Премиера: 11.06.2015
  • Возраст: 14+
{JEVK2EMBED}

Режија: Владимир Милчин
Автор: По делата на: Данил Хармс, Франциско де Гоја, Антонио Буеро Ваљехо

ПИСМО ДО ГЛЕДАЧИТЕ

Се разбира дека сликарот Франциско де Гоја (1746-1828) и писателот Данил Хармс (1905-1946) не можеле да се сретнат ни во просторот ни во времето. Првиот се родил во преднаполеоновска Шпанија, а умрел во Франција во врeмето кога со Шпанија повторно владеел злобниот автократ Фернандо VII. Вториот се родил во царска Русија, а умрел од изгладнетост во затворска болница во Ленинград кога во СССР владеела челичната тупаница на Сталин. А сепак, Гоја и Хармс се среќаваат во нашата претстава во Театарот за деца и младинци. Претходникот на модерното сликарство и претходникот на литературата на апсурдот. И едниот и другиот многу пред своето време. И денес, „црните слики“ на Гоја и гравурите од неколкуте албуми претставуваат предизвик и загатка за толкувачите на уметноста, исто како Хармсовите стихови, прозни дела и драми. И едниот и другиот паднале во немилост кај семоќните властодршци и биле прогонувани од чуварите на идеологијата, верата и моралот. И едниот и другиот биле излепени со етикети како тараби. Некои од тие етикети се во употреба и денес, во современите автократии.

Владетелите се сменуваат, но времињата не се менуваат кога се работи за омразата со која владетелите ги „даруваат“ оние кои си ја земаат слободата да бидат несреќни во „најубавитеод ситесветови“.

Покрај горчината што ја предизвикува лошото судство, покрајиспаколиченоста на војната и материјалните страдања, постојат идруги таинствени страдања од психичка природа од кои се состоичовечкиот живот, како и серијата гравури на Гоја, од „каприци“,„несреќи“ и „бесмислици“. (...) Во Гоја имаме еден од генијалнитепредци на модерниот човек. Тој е едновремено и антрополог,психијатар, психолог и социолог и, пред сѐ, голем хуманист, а не ироничен темперамент како неговите пријатели, многусамоуверени и убедени дека другите биле оние кои грешеле. Гојаги исмева сите и се поплакува на сѐ, а тие поплаки потекнуваат,можеби, од набљудувањето на сопствените слабости и истоштеност,пишува Х. К. Бароха во својата студија „Вештерките и нивниот свет“.

Сликите и гравурите на Франциско Гоја создадени во „Куќата наглувиот“, во која се бидел да се засолни од автократот ФернандоVII, не се фантастична уметност, тие се грозоморна вистина која гооткрива вистинскиот пекол.

За сцените од животот на Гоја користевме одломки од „Сонот наразумот“ од Антонио Буеро-Ваљехо, најеминентниот шпанскидрамски автор по Лорка. Драмата „Сонот на разумот“ е напишанаво 1970 година.

Во 1931 година Хармс бил уапсен за подметнување антисоветски идеи во неговата детска литература. Тој ја поминал краткотрајната казна во прогонство во Курск заедно со Александар Веденски, исто така член на групата ОБЕРЈУТИ. Неговата прва жена, Естер Русакова, била осудена на петгодишна робија во Гулаг во 1936 и подоцна умрела во затвор. Неговиот пријател Олејников, член на ОБЕРЈУТИТЕ, бил стрелан во 1937. Во 1939 на Хармс му била дијагностицирана шизофренија и бил ослободен од служење војска. Во август 1941 бил уапсен и обвинет за ширање паника и антисоветска пропаганда.

Затворен во психијатриска затворска болница во Ленинград завреме на првата и најтешка зима на германската блокада, Хармс умрел од изгладнетост на 2 февруари 1942, на возраст од 36 години. Истата зима од изгладнетост умрел уште еден ОБЕРЈУТ, сликарот Павел Филонов. Во 1956 Хармс бил рехабилитиран, но неговите песни, прозни дела и пиеси не биле објавени во Русија сѐ до втората половина на 1980-тите години.

Надежда Толокоњикова од групата „Пуси рајот“, во својата завршна одбрана на судењето во 2012 година: „По цена на нивните животи, поетите од групата ОБЕРЈУТИ неотповикливо докажале дека нивното фундаментално доживување на бесмисленоста и нелогичноста било точно. Тие го почувствувале нервот на нивната епоха. Така уметноста го досегнала рамништето на историјата... Поетите од групата ОБЕРЈУТИ ги сметаат за мртви, но тие се живи. Казнети се, но не умираат“.Во нејзината книга „Мојот маж Данил Хармс“, неговата втора жена, Марина Дурново, пишува за повикот да се пријави во женските работнички чети кои копале ровови за одбрана на Ленинград летото1941. Таа имала големи здравствени проблеми и знаела дека може да умре од напорната работа. Хармс ѝ ветил дека ќе ѝ каже нешто што ќе ја спаси. Со денови одел на гробот од татко му на гробиштата надвор од градот. Постојано се враќал без ништо и ѝ велел дека мора да почека. Најпосле ѝ соопштил дека татко му му открил два збора: црвен шал. Чекорејќи во редицата пред центарот за регрутирање таа си повторувала „црвен шал“ и била ослободена од работната обврска. Но Хармс не можел да се спаси себеси без оглед на моќта со која можеби располагал. Едно саботно августовско утро во 1941 година „три чудни човечиња“ од НКВД дошле во нивниот стан за да го одведат со комбе. Марина ги молела да ја земат и неа.

Таа и Хармс седеле во комбето и се треселе. Хармс и Марина биле одведени во приемното одделение на затворот Љубјанка каде што двајца мажи го истуркале Хармс надвор и ја оставиле Марина сама. Таа никогаш повеќе не го видела. Со месеци се распрашувала каде го држат. Најпосле дознала дека се наоѓа во затворската болница на брегот на реката Нева и успеала два пати да му однесе храна. Но при третата посета, лебот што го носела за Хармс ѝ бил вратен и ѝбило речено дека умрел.

Апсурдноста и хаосот на егзистенцијата и очигледното отсуство на Бога во сеопштата збрка се сами по себе доказ за еден трансцендентен Бог. За еден забавен Бог? За Бог кој можеби ужива смеејќи се на наша сметка, поентира Јан Фрејзер во својот есеј за Хармс објавен во Њујоршката книжевна ревија на 7 мај 2015 година под насловот „Чудно забавен руски гениј“.

Во срцевината на нашата претстава се прашањата за апсурдноста и хаосот на егзистенцијата, за отсутноста на Бога од светот во кој страдаме и за заспаниот човеков разум кој раѓа чудовишта, луѓе сведени на човечиња, обезличени во човечкото стадо.

Играат:

Драган Довлев

Мартин Јорданоски

Мики Анчевски

Владимир Лазовски

Предраг Павловски

Ана Левајковиќ

Тања Кочовска

Емра Куртишова

Наташа Петровиќ

Симона Спировска

Scenografija:

Крсте С. Џидров

Kostimografija:

Марија Папучевска

Костимографија:

Маја Димовска

Музика:

Владимир Милчин

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Март 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Маркетинг