Управа на Театар за деца и младинци

2017
Катарина Илиевска Силјановска
Директор на Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци е единствениот национален театар специјализиран за програмата за деца и млади. Со одлука на Владата е формиран на 02.02.1990, а првпат ги крена своите завеси пред публиката во Скопје на 25.03.1990 г. и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух, како и претстави за тинејџери, младинци и возрасни. Игра голема улога во уметничкото и културното образование на најмладите благодарение на секојдневниот влог на ансамблот, раководството и целиот театарски тим под финасиската капа на Министерството за култура.

Нашиот репертоар е особено разновиден. Ние сакаме да покриеме широк спектар на публика. На сцената се играат приказни во современ ритам и дух. Можете да гледате богат избор на претстави : од куклени и играни за деца, па се’ до целовечерни младински претстави. Повеќе од две децении ние допираме до младинците преку теми, фикции, случки и прашања кои се дел од нивните животи.

Распоредот и репертоарот на „Театарот за деца и младинци“ е тесно врзан со училишната година така што нашите изведби се на редовен репертоар од септември до јуни. На лето, пак, ги посетуваме фестивалите за детски претстави во и надвор од Република Македонија. Тие прекрасни посети ни даваат шанса да размениме погледи со нашите колеги во странство и ним да им ја претставиме нашата несебична визија за драмскиот свет што расте и продуховува генерации и генерации млади луѓе. Па така се шири нашето другарство и соработка со многу други уметници во регионов и светот. Добредојдовте!

 

Ваш ТДМ,
Дојдете да се дружиме!

FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг