Режија: Драгана Милошевски Попова
Автор: Астрид Лундгрен
Претставата е работена според истоимената детска книга на Астрид Лундгрен и е лектира за основно образование. Прекрасната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски Попова успеа да ја претвори во незаборавна претстава.
Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила. Интересот за нашата Пипи, одиграна од повеќе од оригиналната актерка Соња Стамболџиовска, која и приватно е реинкарнација на оригиналната Пипи, досега е незапамтен. Претставата изобилува со прекрасно одиграни ликови и карактери.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на оваа претстава Ви препорачуваме час поскоро да купите или резервирате билет, бидејќи неретко се случува билетите да бидат распродадени неколку часа пред одигрување на истата.
Играат:
Соња Стамболџиоска (к.г.)
Предраг Павловски
алтернација Горан Ников
Тања Кочовска
Горан Ников
Драматизација:
Бојан Трифуновски
Сценографија:
Кирил Василев
Костимографија:
Марија Пупучевска
Музика:
Марјан Неќак