Симона Спировска е родена 1985 година, во Скопје, Република Македонија. Дипломирала и магистрирала катедрата за Драмски актери, на Факултетот за Драмски Уметности, во Скопје, во класата и под менторство на проф. Владимир Милчин. Од 2011 до 2013 година работи како демонстратор на Факултетот за драмски уметности, по предметот Сценски движења и танци. Во моментов е вработена во Театарот за деца и младинци, Скопје и е дел од здружението Артопија.
Игра во претставите кои се на редовниот репертоар на Театрот за деца и младинци, меѓу кои: Оливер Твист, во режија на Срџан Јаначиевиќ, Заспанот разум раѓа чудовишта и Нашиот клас, во режија на Владимир Милчин, Снежната кралица,во режија на Драгана Милошевска, Сидарта, во режија на Јане Спасиќ и други (игра во над 10 претстви во матичниот театар), како и во претставите кои се дел од репертоарот на Артопија: Да го поздравиш и да ми го бациш, во режија на Билјана Радиноска и Експеримент, во режија на Јане Спасиќ.
Редовно соработува со театарот Cantieri Teatrali Koreja, од Лече, Италија, како дел од актерската екипа во претставата La parola padre(Зборот татко), во режија на Габриеле Вачиз.
Дел е филмски и телевизиски проекти.
Работи и како кореограф на бројни театарски и телевизиски проекти.