Актери

Актери (14)

25 Март 2023

Никола Наковски

Written by

Никола Наковски е роден на 03.03.1994 година во Куманово. По завршеното средно образование во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, се запишува на Факултетот за драмски уметности – Скопје, отсек Драмски актери во класата на проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац. Дипломира во 2017 година со претставата “Аудиција” – Александар Галин.

 

Во меѓувреме игра претстави во неколку театри и тоа:

“Огнено лице” – М.Ф. Мајенбург – Драмски театар Скопје, режија: Драгана Таневска

“Ревизор” – Н. В. Гогољ – НУ Театар Куманово, режија: Андреј Цветановски

“Мајсторот и Маргарита” – М. А. Булгаков – Македонски Народен Театар Скопје, режија: Иван Поповски

“Леонс и Лена” – Г.Бихнер – НУ Театар Тетово, режија: Драгана Таневска

“Mamma Mia” – Македонски Народен Театар, режија: Наташа Поплавска

“Драга Јелена Сергеевнa” – Љ. Разумовска – НУ Театар Куманово, режија: Кети Дончевска Илиќ

“Porte Aperte” (Open Doors) – во Барселона, режија: Emanuele Nargi

“Недоразбирање” А. Ками – НУ Театар Куманово, режија: Драгана Таневска

“Магбет” В. Шекспир – Македонски Народен Театар, режија: Нела Витошевиќ

“ГлумИци” – Младински Културен Центар, Артопиа

Улоги на филм

“Година на мајмунот” во режија на Владимир Блажевски

“Врба” во режија на Милчо Манчевски

Во 2020 година официјално станува член на Театарот за деца и младинци. Игра во неколку претстави во матичниот театар и тоа:

“Едвард Раце Ножици” – според сценариото на Керолајн Томпсон и Тим Бартон, режија: Нела Витошевиќ

“Малата Сирена” – Русомир Бограновски, режија: Дејан Дамјановски

“Грдото пајче” – Х. К. Андерсен, режија: Дејан Дамјановски

“Што е силеџија” – Горјан Милошевски и Хана Миленковска, режија:  Хана Миленковска

“Облак во мала кутија” – автор и режија: Бојана Лазиќ

“Некој нека ми каже колку сум важен” во режија на Слаѓана Килибарда

“Подрум” автор и режија: Драган Довлев

“Во детската соба” автор и режија: Милена Миланова

"Роња, ќерката на ограбувачот" автор:Астрид Линдгрен,во режија на Јакуб Максимов

9 Ноември 2020

Ангела Димитрова

Written by

Родена 1992 година во Битола. Дипломирала актерска игра на Факултетот за Драмски уметности - Скопје во класата на проф. Златко Славенски во 2015 година. По завршувањето на студиите учествувала во многу работилници, семинари и тренинзи во Македонија и во странство.

 

Професионални театарски претстави

“Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот”- режија Владо Цветановски, Драмски Театар - Скопје (2012г)

”Вечната куќа” - режија Дејан Пројковски,Македонски Народен Театар (2013г)

“Сината птица”- режија Златко Славенски, Македонски Народен Театар (2014г)

“Пијани” - режија Марјан Ѓорѓиевски, Народен Театар Битола (2017г)

“Дон Жуан” - режија Андреј Цветановски, Народен Театар Битола (2017г)

“MAMMA MIA!” мјузикл- режија Наташа Поплавска, Македонски Народен Театар (2017г)

“Но(е)ва Македонија” - режија Кокан Младеновиќ, Народен Театар Битола (2018г)

“Август во округот Осејџ”– режија Драгана Милошевски Попова, Народен Театар Битола (2019)

“Едвард раце ножици”– режија Нела Витошевиќ, Театар за деца и младинци Скопје (2019)

“Јованче и Марика”– режија Давор Драгојевиќ, Театар за деца и младинци Скопје (2019)

Независни театарски проекти

“Конфузија” - режија Билјана Радиноска, Евро-Балкан Инстутут, Скопје (2012г)

“Соочување(кон себе)” - режија Драгана Стојчевска, ИМПАКТ фестивал, Велес (2012г)

“Го сакам Скопје, местото каде сум “(Бела Ноќ 2012) - режија Кренаре Невзати и Војо Цветановски (2012г)

“Свадба” - режија Ѓорѓи Ризески, Независен Театар Фабрика, Скопје (2014г)

“Жени од подземјето” - режија Андреј Цветановски , Фестивал на античка драма “Стоби” (2016г)

Филмски и телевизиски проекти

“До Балчак”  (долгометражен филм) - режија Столе Попов, “Тријангл Филм”, “Сектор Филм Скопје” и  fx3х Продукција  (2012г)

“За Ангела” (краток филм) - режија Лука Аполито, ФДУ- Скопје и Џифони фестивал Македонија  (2013)

“На Терапија” (ТВ серија) - режија Вардан Тозија, “Кино Око” Продукција  (2017)

“5 + Фамилија” (ТВ серија) - режија Иван Иванов-Изи, “ОХО” Продукција (2017)

“Другарот”(краток филм) – режија Димитар Оровчанец, “Самојлик” Продукција (2018)

“Фамилијата Марковски”(ТВ серија) – Даријан Пејовски, “Арт проект лаб” Продукција (2019)

Работилници во областа на театарот во Македонија 

“Кратки резови” на тема “Вишновата градина” од А.П.Чехов, предaвач- Аида Буквиќ, Меѓународен тетарски фестивал МОТ- Скопје  (2012)

“Црнината и прилега на Eлектра”- Јуџин О’Нил (работилница со краен резултат - претстава), предавачи- Маја Митиќ, Агнес Нокшиќи, Џенгис Ибрахим, Олга Панго, Наташа Поплавска   (2015)

“Драматизација на не-вербалниот сценски израз” , предавач Милош Софренович  (2016)

Резиденции и тренинзи во странство

Интернационална летна школа во “The Watermill Center” Њујорк, предводена од светскиот режисер Роберт Вилсон  (2015)

Тренинг за освестување на телото “Your body is your statement” во Унјелоу, Полска , предавачи - Илзе Јеце и Инесе Предите (2016)

Театарска резиденција “Diversity is Super-city” во Сремски Карловски, Нови Сад, предавач -Емануеле Нарги (2016)

Талент камп (програма за таленти со повеќе работилници) “Talents Sarajevo 2018” во рамките на Сараево Филм Фестивал (SFF), Сараево, (2018).

9 Октомври 2019

Maтеа Јанковска

Written by

Maтеа Јанковска е родена во 1994-та година во Скопје. Во 2017-та дипломирала на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, на отсекот драмски актери.

 

Работно искуство

“Мајсторот и Маргарита” во режија на Иван Поповски, Македонски Народен Театар – Скопје, споредна улога 2016

“Систем Еррор” во режија на Зоја Бузалковска, Факултет за драмски уметности – Скопје, главна улога 2016

“Аудиција” во режија на Сузана Киранџиска и Кристина Леловац, дипломска претстава во Кино Култура, главна улога 2017

“Eксперимент” во режија на Јане Спасиќ, Младински Културен Центар – Скопје, главна улога 2017

“Дух” во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, Македонски Народен Театар – Скопје, споредна улога 2018

“Осамениот запад” во режија на Јане Спасиќ, Кино Култура – Скопје, споредна улога 2018

Перформанси

2016, Перформанс во рамки на промоцијата на новиот каталог на арт студиото “Преплет”, во режија на Билјана Радиноска, Скопје 2016

2016, Перформанс во рамки на промоцијата на нова линија на пиво “Skopsko Smooth”, Македонија 2016

2016, Перформанс во рамки на промоцијата на регионален саем на производи од Вардарскиот регион, одржана во “Public Room”, Скопје 2016

2017, Перформанс за деца, “Дедо Мраз во Пензија“ во рамки на предновогодишните настани на Град Скопје 2017

2018, “Love your coffee, love your smile”, перформанс во рамки на промоцијата на “Orbit”, Скопје 2018

Работилници

Драмски и едукативни работилници со деца во организација на фондацијата “Чекор по чекор”, Скопје 2018

Телевизиски проекти

Драмски и едукативни работилници со деца во организација на фондацијата “Чекор по чекор”, Скопје 2018

Детска едукативна серија, “AШ”, главна улога 2014

“5+ фамилија“ во режија на Игор Иванов, епизодна улога 2017

“Фчерашни новости”, епизодна улога 2017

Синхронизација на цртани серии, во режија на Деан Дамјановски 2018

“5+ фамилија”, споредна улога 2019

Краткометражни филмови:

“Обид за Среќна приказна”, во режија на Лавинија Софрониевска, споредна улога 2017

“Mилена”, во режија на Стојан Вујичич, главна улога 2019

Долгометражни филмови:

“Врба”, во режија на Милчо Манчевски, споредна улога 2018

“Хомо”, во режија на Игор Иванов, споредна улога 2019

9 Октомври 2019

Петар Стојанов

Written by

По завршеното средно образование во С.О.У.  Јосиф Јосифовски  Гевгелија , се запишува на Факултетот за драмски уметности - Скопје, отсек Драмски актер во класата на проф. Зоја Бузалковска и асс. Александар Степанулески.

Допломира во 2018 година со претставата „Големото студенило“ (The Big Chill).

Од 2015 до 2019 година, работи на неколку театарски проекти во Македонски Народен Театар „Мајсторот и Маргарита“ режија Иван Поповски, „Mamma Mia“ режија Наташа Поплавска, Драмски Театар „Кристофер Колумбо“ режија Љубиша Георгиевски, Кино Култура „ Белградска трилогија“ режија Нина Николиќ .


 

Работно искуство

Вработен во Театар за деца и младинци - Скопје . 1ви Август, 2019

17 Март 2018

Симона Спировска

Written by

Симона Спировска е родена 1985 година, во Скопје, Република Македонија. Дипломирала и магистрирала катедрата за Драмски актери, на Факултетот за Драмски Уметности, во Скопје, во класата и под менторство на проф. Владимир Милчин. Од 2011 до 2013 година работи како демонстратор на Факултетот за драмски уметности, по предметот Сценски движења и танци. Во моментов е вработена во Театарот за деца и младинци, Скопје и е дел од здружението Артопија.

Игра во претставите кои се на редовниот репертоар на Театрот за деца и младинци, меѓу кои: Оливер Твист, во режија на Срџан Јаначиевиќ, Заспанот разум раѓа чудовишта и Нашиот клас, во режија на Владимир Милчин, Снежната кралица,во режија на Драгана Милошевска, Сидарта, во режија на Јане Спасиќ и други (игра во над 10 претстви во матичниот театар), како и во претставите кои се дел од репертоарот на Артопија: Да го поздравиш и да ми го бациш, во режија на Билјана Радиноска и Експеримент, во режија на Јане Спасиќ.

Редовно соработува со театарот Cantieri Teatrali Koreja, од Лече, Италија, како дел од актерската екипа во претставата La parola padre(Зборот татко), во режија на Габриеле Вачиз.

Дел е филмски и телевизиски проекти.

Работи и како кореограф на бројни театарски и телевизиски проекти.

12 Март 2018

Драган Довлев

Written by

Роден на 21.06 1970 год. во Охрид. По завршеното средно образование се запишува на Факултет за драмски уметности отсек: драмски актер во класата на професор Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска.

Дипломира 1993 со претставата „Жена“ од Едвард Бонд.

 

Образование

Факултет за Драмски Уметности - Скопје, отсек Драмски Актери 1989 - 1993

НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ - Софија, Бугарија, отсек Режија на куклен театар 1997 - 1999

Вработен во Театар за Деца и Младинци – Скопје 1994 -

Меѓународна актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц, во истоимената куклена претстава на меѓународниот фестивал Отон Томанич во Суботица, Србија.1997

Пост-дипломската куклена претстава ПЕПЕПЛАШКА ја поставил на сцената на Театарот за Деца и Младинци. 1998

Директор на Н. У. Театар за Деца и Младинци – Скопје 2011 - 2015

Работно искуство

Игра/играл во следниве претстави на ТДМ:

  • Спомени во ноќта
  • Беше еднаш на дивиот запад
  • Пинокио
  • Како сон
  • Малиот принц
  • Светлосиното куче петар
  • Убавицата и ѕверот
  • Двајца во еден
  • Пупи Паф
  • Могли
  • Крале Марко
  • Силјан штркот
  • Итар Пејо
  • Црвенкапа
  • Дванаесетте месеци
  • Чук чук Стојанче
  • Пердувите на жеравот
  • Ѕвезден коктел
  • Сказна за царот и овчарот
  • Кралот Кускуле Први
  • Три древни приказни
  • Попот и неговиот слуга будал
  • Волшебнта флејта
  • Баш челик
  • Телефонот
  • Дете голомеше
  • Девојчето со кибритчиња
  • Сон на летната ноќ
  • Малата сирена
  • Бескрајни соништа
  • Алиса во земјата на чудата
  • Волшебникот од Оз
  • Пипи Долгиот Чорап
  • Оливер Твист
  • Нашиот клас
  • Заспаниот разум раѓа чудовишта
  • Петар Пан
  • Пепелашка
  • Мачорот в чизми
  • Еднаш свет изградив
8 Февруари 2018

Марија Ѓорѓијовска

Written by

Родена во Скопје. Во 2009та година дипломира при НАТФИЗ – Крсто Сарафов, актерство за куклен театар, Р. Бугарија, во класата на проф. Боњо Лунгов, доц. Маја Енчева и д-р. Константин Каракостов.

Дипломски претстави: Приказно оро, Железното момче, Мрзливата пчела и Балкански приказни.

По завршувањето на високото образование професионално е ангажирана во Театар за деца и младинци – Скопје, Р. Македонија.

 

Во Театарот за деца и младинци учествува во следните претстави:

  • Сон на летната ноќ
  • Бескрајни соништа
  • Алиса во земјата на чудата
  • Рекламна Бајка
  • Девојчето со кибритчиња (замена)
  • Лакомата меца (замена)
  • Волшебната флејта (замена)
  • Волшебникот од Оз
  • Македонска приказна (замена)
  • Цветната улица
  • Пипи Долгиот Чорап
  • Могли, Животинска фарма
  • Петар Пан
  • Грдото пајче
  • Мачорот во чизми
  • Црвенкапа (замена)

Од 2009 година е асистент на м-р Магдалена Ризова – Черних при детско драмско студио.

Други актерски ангажмани: Македонски народни приказни, други тв серии, синхронизација и др.

Винета Дамческа - Мојаноска родена на 03.02.1984 год. во Прилеп 2006 година. Дипломира на факултетот за драмски уметности во Скопје, оддел драмски актер во класата на професор Кирил Ристоски и асистент Зоја Бузалковска.

 

Работно искуство

Со професионален ангажман започнува во театарот „Војдан Чернодрински – Прилеп во претставите:

  • Викенд на мртовци
  • На трета мајка
  • Рибарски Караници
  • Совршенство или смрт
  • Роберто Зуко
  • Стјуардеси
  • Хајди

Во 2007 год. се вработува во „Театар за деца и младинци“ – Скопје и има играно во следните претстави:

  • Попот и неговиот слуга Будал
  • Силјан штркот
  • Кралот Кускуле Први
  • Сказна за царот и овчарот
  • Волшебната флејта
  • Василица прекрасна
  • Итар Пејо
  • Црвенкапа
  • Баш Челик
  • Телефонот
  • Девојчето со кибритчињата
  • Дете Голомеше
  • Сон на летната ноќ
  • Малата сирена
  • Бескрајни соништа
  • Алиса во земјата на чудата
  • Рекламна бајка
  • Мачорот во чизми
  • Бајка за царот Нај
  • Петар Пан
  • Пат околу светот
    и други.

Учество во серијата „Македонски народни приказни“

Родена на 29.01.1975 година во Скопје. По завршеното средно образование се запишува на Факултет за драмски уметности отсек: драмски актер во класата на професор Владимир Милчин и асс. Сузана Киранџиска.

Дипломира во 1997 година со претставата „Ладало“ од Јукио Мишима.

 

Работно искуство

Вработена во Театар за деца и младинци во Скопје 1999 -

Позначајни претстави во матичниот театар

  • Македонска приказна
  • Сон на летната ноќ
  • Бескрајни соништа
  • Убавицата и ѕверот
  • Црвенкапа
  • Малата сирена
  • Девојчето со кибритчиња
  • Пепелашка
  • Животинска фарма
  • Лакомата меца
  • Дванаесетте месеци
  • Петар Пан
  • ...и многу други.

Улоги на филм

Прашина, режија Милчо Манчевски

Сенки, режија Милчо Манчевски

Превртено, режија Игор Иванов Изи

Големата вода, режија Игор Трајков

До балчак, режија Столе Попов

Исцелител, режија Ѓорче Ставрески

 

Учество во неколку ТВ серии, ТВ и радио реклами, надсинхронизации и водителка на културни настани.

6 Декември 2017

Емра Куртишова

Written by

Родена на 30.12.1985год. во Скопје. Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер во улога на Слатката девојка.За време на студирањето дел е од значајни работилници за размена на искуства во три фази – Македонија, Германија и Франција предводени од проф. Владимир Милчин.

 

2009та год.

  • Едукативна емисија “Зборувајте Македонски” на МТВ во режија на Владо Денчов.
  • Радио драми на македонско радио, посценарио на Владо Димовски.
  • Скопје ремикс - филм “Мангава диско панк” во режија на Саша Станишиќ.

2010та год.

  • Претстава “Лили” во режија на Софија Ристевска.
  • Претстава “Исти на различен начин” во режија на Наташа Поплавска.
  • Претстава за деца “Волшебникот од Оз” во режија на Нина Николиќ

2011та год.

  • Македонски народни приказни на Сител ТВ, во режија на Драган Вељановски.
  • Детски игран филм “Духот на баба Илонка” во улога на младата Илонка, во режија на Томислав Жаја.
  • Краткометражен филм “Г-ѓа Рубин” во улога на мед.сестра, во режија на Костадин Анастасов.
  • Кореодрама “Во нас” копродукција со Приштина, во режија на Наташа Поплавска.
  • Документарен филм “Иднината денес” во режија на Игор Иванов.

Во 2012та година се вработува во Театар за Деца и Младинци каде во моментов ги игра следните претстави:

  • Цветната улица во улога на принцезата Флора, во режија на Наташа Поплавска.
  • Грдото пајче во главната улога, во режија на Дејан Дамјановски.
  • Дкамерон копродукција со МНТ, во улога на Џулија, во режија на Боњо Лунгов.
  • “Пипи долгиот чорап”во улога на Аника, во режија на Драгана Попов Милошевски.
  • Рекламна бајка во улога на вештерката Камиша, во режија на Русомир Богдановски.

2013та год.

  • Руски сериски филм “Кум” во режија на Тимур Алпатов.

2014та год.

  • Во процес на две премиери во Театар за деца и младинци:
  • “Бајка за царот Нај” во улога на Сончев цвет, во режија на Коле Ангеловски.
  • “Нашиот клас” во улога на Рахилка, во режија на Владимир Милчин.
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Април 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30

Маркетинг