Displaying items by tag: Владимир Лазовски

22 Јуни 2016

Пепелашка

Режија: Деан Дамјановски
Автор: Шарл Перо и Браќата Грим

Нашата „Пепелашка“ е претстава за двајца млади, но, зрели сонувачи кои успеваат да истраат во потрагата по љубовта. Убавата, но несреќна Пепелашка се чуди на потребата за богатство на нејзините полусестри и маќеата. Таа мечтае по вистинскиот. Принцот, кој има се’, но ја нема онаа вистинската покрај себе, сака сам да ја најде својата сродна душа.

Ликовите на Пепелашка која не губи верба, Принцот кој не престанува да ја бара вистинската љубов, Маќеата која врие од злоба, двете полусестри кои луто се караат која е поубава, кралот кој сака само да го жени принцот, расеаната, добра и весела самовила, трапавите симпатични животни и еден слуга кој прави глупост само што ќе мрдне со малото прсте влетуваат во еден брз сплет на смешни, стрмоглави, неизвесни и среќни случки. Па така како што само животот знае да ги намести нештата, вербата на Пепелашка и Принцот и луѓето околу нив, ги носат сите на едно место во исто време.

Надежта дека љубовта доаѓа, вербата која секој ден ја чека среќата, тоа се победниците во нашата „Пепелашка“.

Драмски автор и драматург Горјан Милошевски

 

Драматизација:

Горјан Милошевски

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Сашко Костов

Кореографија:

Кренаре Невзати

Прес центар

(vecer.mk) Премиера на "Пепелашка" во режија на Деан Дамјановски

(lider.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(utrinski.mk) „Пепелашка“ премиерно на „Скопско лето“

(plusinfo.mk) Премиера на „Пепелашка“ утре во Театарот за деца и младинци

(dnevnik.mk) В среда премиера на „Пепелашка“ во театарот за деца и младинци

(diva.mk) „Пепелашка“ премиерно во Театарот за деца и младинци

(lokalno.mk) Премиера на тетарската претсава „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Премиера на „Пепелашка“ – претстава за вербата, надежта и љубовта во Театар за деца и младинци

(kurir.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(cooltura.mk) Пpемиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(sitel.com.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(exclusive.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(vistina.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

(telegraf.mk) ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ: Премиера на „Пепелашка“

(alfa.mk) Премиера на „Пепелашка“ во Театарот за деца и младинци

published in Претстави

Режија: Боњо Лунгов
Автор: Ханс Кристијан Андерсен

У ште една светски позната бајка на Ханс Кристијан Андерсен. Тажната приказна за девојчето со кибритчиња, кое измрзнато од студот упорно се обидува да продаде некое кибритче со што би заработила малку пари, неопходни за неа и нејзиниот татко, мајсторот на куклениот театар проф. Боњо Лунгов успеа да ја освежи со многу хумор и интересни досетки. Така нашата претстава е многу интересна за гледање и пратење, без страв дека детските срца ќе се натажат до несакани размери. Бајковитоста на сценографијата, костимите, куклите и музиката само го комплетира вкупниот впечаток. Фасцинира добрината на девојчето, кое расте и живее во многу сурово време и сурова средина, која нема обзири и спрема децата. Ана Левајковиќ-Бошков е брилијантна во улогата на Девојчето, а помошта што ја добива од остатокот на екипата е ненадоместлива.

И покрај стравот на многу светски детски театри да ја постават на својата сцена оваа тажна бајка, Театарот за деца и младинци собра храброст и го реализира овој ризичен проект. Сигурни сме дека откако ќе ја изгледате оваа претстава, ќе им се придружите на оние коишто тврдат дека ризикот се исплатил.

Асистенти:

Маја Енчева и Константин Каракостов

Драматизација:

Маја Енчева

Сценографија:

Дилијана Прванова

Костимографија:

Дилијана Прванова

Музика:

Константин Каракостов

published in Претстави

Режија: Александар Ивановски
Автор: Луис Керол

Една од најпознатите детски приказни за девојчето Алиса, кое заспивајќи потонува во еден имагинарен свет во кој ништо не е како во реалноста, си го најде местото и на нашиот репертоар. Ликот на Алиса е толкуван од харизматичната и полна со живот Марија Ѓорѓијовска. Таа, заедно со останатата актерска екипа, им го олеснува на децата следењето на и онака недоволно јасната приказна и им нуди незаборавно искуство, исполнето со смеа и радост. Поентата на нашата претстава се состои во тоа дека секое дете треба да си остане свое и да си ја задржи својата оригиналност без разлика во каква средина се наоѓа и дали во таа средина е прифатена или не. Доколку сакате да присуствувате на едно оригинално и несекојдневно читање на АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА со задоволство Ви ја препорачуваме оваа претстава.

Драматизација:

Васил Пујовски

Сценографија:

Елена Дончева

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

Графички дизајн на сцена:

Кристина Јорданова

Режија: Срѓан Јаникијевиќ
Автор: Атанас Илков

Светски познатата бајка ПРИНЦЕЗАТА НА ЗРНО ГРАШОК, во текстот на бугарскиот драмски писател Атанас Илков во насловот претрпува промена и на нашиот репертоар се појавува како ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА. Ова е убедливо најстарата наша претстава што се уште е активна. Својата премиера оваа претстава ја имаше во далечната 1993 год.

Тоа е приказна за еден млад принц кој стасал за женење, па неговите родители, кралот и кралицата, решиле да му најдат вистинска принцеза за жена. Според старите обичаи вистинска принцеза е онаа која лежејќи на кревет ќе го почувствува и најмалото зрно грашок, скриено под душекот од креветот. Иако во претставата играат само двајца, актерите Изабела Новотни и Владимир Лазовски мајсторски ја исполнуваат сцената, па така се добива впечаток како да се работи за голем актерски ансамбл. Со своето актерско умеење и искуство овие двајца на секоја изведба до солзи ги насмеваат децата.

ЗРНОТО ГРАШОК И ПРИНЦЕЗАТА во периодот од 1994 до 1998 година има освоено 4 меѓународни награди, меѓу кои и ГРАН ПРИ наградата за претстава во целина на Меународниот Фестивал БУРБОРАК 94 во Смолен, Р. Бугарија.

Асистент:

Горан Баланчевиќ

Сценографија:

Ангелина Атлагиќ

Костимографија:

Ангелина Атлагиќ

Музика:

Петар Ступел

Кореографија:

Александар Хаџиманов

published in Претстави

Режија: Петар Пашов
Автор: Вилхелм и Џејкоб Грим

Нема дете што не ја знае најпознатата бајка на браќата Грим. Поставена на нашата сцена уште во 1995 година, оваа куклена претстава се уште ја полни нашата сала и со право спаѓа во нашите евергрин претстави. Изабела Новотни суптилно и точно ја толкува Снежана, Владимир Лазовски неверојатно оригинално и духовито ја игра лошата Кралица, а Предраг Павловски е како создаден за добриот Ловец кој сакајќи да ја спаси Снежана на Кралицата и носи срце на некое шумско животно. Тројцата подеднакво успешно ги анимираат и куклите на седумте џуџиња. Повелете на СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА, забавата е загарантирана.

Играат:

Изабела Новотни

Владимир Лазовски

Предраг Павловски

Сценографија:

Силва Бачварова

Костимографија:

Силва Бачварова

Музика:

Петар Радевски

published in Претстави
6 Февруари 2008

Убавицата и ѕверот

Режија: Димитар Христов
Автор: Игор Бојовиќ

Еден од најдобрите и најчесто поставуваните драмски текстови на младиот српски драмски писател за деца Игор Бојовиќ, во 1998 година доживеа премиера во нашиот театар. УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ е првата детска претстава која го надмина бројот од 300 изведби.

Суровиот и себичен принц е казнет од Злобницата Волшебница, која го претвора во ѕвер. Зарем не е така и во животот? Зарем малку сурови луѓе со тек на време станале вистински ѕверови? Само убавината, добрината и љубовта го прават она што изгледа невозможно – суровоста да се претвори во човечност. Оѕверениот ѕвер, одглумен од незаменливиот Владимир Лазовски, многу брзо ќе ја засака најубавата меѓу најубавите т.е. Убавицата, претставена од прекрасната Ана Левајковиќ-Бошков. Но, за да биде симната клетвата на Злобницата Волшебница, оригинално и енергично одиграна од Катарина Илиевска-Силјановска, ќе мора и Убавицата да го засака Ѕверот. Ова се чини како невозможна мисија, доколку Ѕверот не добие неопходна помош од неговата помошничка наречена Скакулка, лик кој со маестрална леснотија и интеракција на сцената го донесе актерката Татјана Павловска Кочовска. За нејзината актерска бравурозност зборува и меѓународната актерска награда што за оваа улога таа ја има освоено на Суботичкиот Фестивал во 1998 год.

Дали Убавицата ќе се заљуби во Ѕверот и дали тој конечно ќе си го врати човечкиот лик, останува на Вас да откриете. И покрај тоа што генерации и генерации на деца израснале со оваа претстава, се уште е една од најпосетуваните наши претстави.

Сценографија:

Александар Ношпал

Костимографија:

Александар Ношпал

Музика:

Славе Димитров

Кореографија:

Александар Хаџиманов

published in Претстави
7 Декември 2011

Црвенкапа

Режија: Димитар Христов
Автор: Александар Поповиќ

Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава.

Сценографија:

Живоин Трајановиќ

Костимографија:

Лира Грабул

Музика:

Љупчо Мирковски

Кореографија:

Сања Шутевска

published in Претстави

Режија: Боњо Лунгов
Асистент: Маја Енчева

Ова е убедливо најпознатата и најнаградуваната претстава на нашиот театар. Таа слободно може да се нарече заштитен знак на Театарот за Деца и Младинци, зашто со нејзиното појавување започна етаблирањето на нашиот театар, како еден од најдобрите детски театри во регионов и пошироко.

Поставена е со импровизирани кукли (различни предмети од селскиот живот формираат човечки и животински облици) од режисерот Боњо Лунгов, кој слободно може да се каже дека е иноватор на овој вид на кукли. Темпото и ритамот на претставата е диктирано од македонска изворна музика, која со своето богатство не остава простор за кажување на текст. Затоа оваа претстава е одлично разбрана и во средини во кои не се владее македонскиот јазик. Петчлената актерска екипа во која не отскокнува никој, дише како еден организам и публиката ја остава без здив за време на траењето на целата претстава и затоа шеесетте минути поминуваат додека трепнеш. Искористете ја ретката шанса кога оваа претстава е на репертоар, зашто таа е вистински пример како квалитетно можете да го пополните своето слободно време. Важно е да се напомене дека оваа претстава не познава старосни граници и затоа топло им ја препорачуваме и на децата и на возрасните. МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА до овој момент има освоено 9 меѓународни награди, од кои 3 се ГРАН ПРИ награди за претстава во целина. Сите овие награди се всушност и најдобрата препорака за оваа претстава.

Автор на кукли:

Боњо Лунгов

Сценографија:

Љубомир Чадиковски

Музика:

Драган Даутовски

 

published in Претстави
11 Февруари 2001

Лакомата меца

Режија: Дарин Петков
Автор: Ран Босилек

Оваа претсава е наменета за најмалите деца. Во неа се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците. Низ интеракција со децата Лакомата Меца е предупредена дека не треба да биде стрвна кога јаде и дека секој залак треба добро да се изџвака, зашто во спротивно има опасност да се задави. Мецата нејќе да ги послуша децата и продолжува со стрвното јадење, па се случува токму најлошото. Една коска и се заглавува во грлото, па напомош и притрчуваат останатите шумски животни. Дали конечно мецата ќе ја научи лекцијата по пристојно и сугурно јадење, ве покануваме да откриете. Актерот Владимир Лазовски за улогите на Волкот и Штркот во 2001 година освои актерска награда на Меѓународниот Куклен Фестивал на мали форми во Крагуевац, Р. Србија. Тој, заедно со одличните Ана Левајковиќ-Бошков и Катарина Илиевска-Силјановска, се доволен доказ за квалитетот на оваа претстава.

Драматизација:

Дарин Петков

Сценографија:

Љубомир Чадиковски

Автор на кукли:

Иван Цонев

Музика:

Љупчо Мирковски

Превод:

Татјана Островска

published in Претстави
16 Јануари 2010

Малата сирена

Режија: Дејан Дамјановски
Автор: Русомир Богдановски

Драги гледачи, добредојдовте во Морското театарче за деца!

 

 

Вечерва ќе ви ја прикажеме нашата волшебна, надалеку прочуена претстава „Малата Сирена“. Во неа ќе видите како големата и вистинска љубов победува и успева да ги помири сите различности. Но, ќе видите и колку е тежок и полн со искушенија патот на израснувањето и созревањето. Нашите актери, тука, пред вашите очи, ќе се престорат во Сирената, Принцот, Морскиот крал, Морската Самовила, Големата Сирена, Златниот крал, Морската Вештерка и Октоподот. Во овие 50-тина минути тие ќе ве водат низ подводни дворци, морски брегови, кораби, бури, подводни мрачни пештери и златни замоци за да ви ја раскажат најубавата и најромантичната приказна што некогаш е напишана. Искрено се надеваме дека ќе уживате во ова волшебно патување низ прекрасниот свет на Малата Сирена.

Поздрав и ќе се видиме кога светлата ќе се запалат. Вашиот аплауз е нашата награда!

Искрено Ваш Морскиот Рак Андерсен - директор на Морското театарче за деца

 

published in Претстави
Страница 1 од 2
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Мај 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Маркетинг