Displaying items by tag: Владимир Лазовски

Режија: Александар Ивановски
Автор: Русомир Богдановски

Според либретото на истоимената опера на В. А. Моцарт драмскиот писател Русомир Богдановски напишал одличен драмски текст за деца. Текстот ги содржи сите елементи на една класична бајка, во која се судираат доброто и злото, а љубовта секогаш е посилна од сите лоши магии на сите зли волшебници.

Помеѓу љубовта на главните протагонисти Памина и Тамино се испречува омразата на лошиот волшебник, кој се што е живо го скаменува со своите зли магии. Тамино, толкуван од страна на Драган Довлев како неспретен принц и со голема доза на хумор, тргнува да ја ослободи грабнатата од лошиот волшебник принцеза Памина, изиграна од секогаш маркантната и беспрекорна Ана Левајковиќ-Бошков. Значаен дел од приказната и дејствието на оваа претстава паѓа врз плеките на Предраг Павловски, кој овојпат во ликот на Папагено уште еднаш ја истакна својата сценска духовитост и снаодливост.

Ако сте нестрпливи да видите дали Тамино, помогнат од Папагено, ќе ја ослободи Памина од канџите на злото, повелете на ВОЛШЕБНАТА ФЛЕЈТА.

 

Сценографија:

Елена Дончева

Костимографија:

Елена Дончева

Музика:

Љупчо Мирковски

published in Претстави

Режија: Боњо Лунгов
Превод и препев: Томислав Османли

Оваа претстава е направена со цел да се одбележи 20-годишниот јубилеј на Театарот за Деца и Младинци. Целта беше низ една претстава да се прикажат сите видови и типови на кукли што досега продефилирале во куклените претстави на нашиот театар. Општо прифатено е мислењето од страна на театарските критичари дека кога се работи за имагинарност, оригиналност и фантазија, во овој проект режисерот Боњо Лунгов се надминал себеси и на нашата публика и подарил уште една прекрасна претстава.

ППретставата нема класична приказна, поделена е во неколку сцени кои можат да стојат и како посебни целини, споени со интересни промени од сцена во сцена. Во услови кога текстот е незначителен доминираат добро познати музички мотиви. Начинот на кој актерите формираат со најразлични предмети секакви форми е магичен и недофатлив за секое дете.

Претставата е за сите возрасти, не само детски, бидејќи досега не се случило по нејзиниот завршеток да има незадоволни гледачи. Напротив, публиката секогаш фасцинирана и егзалтирана ја напушта оваа претстава.

БЕСКРАЈНИ СОНИШТА во 2013 година е наградена на Суботичкиот Фестивал ЛУТФЕСТ со престижната награда за оригиналност и фантазија.

 

Асистенти на режија:

Маја Енчева и Константин Каракостов

Автор на кукли и сцена:

Боњо Лунгов

Костимографија:

Маја Енчева

Избор на музика и кореографија:

Константин Каракостов

23 Јуни 2012

Цветната улица

Режија: Наташа Поплавска
Автор: Киро Донев

Оваа претстава е финансирана од страна на Делегацијата на Европската Унија. Врз основа на брошурите за подигање на еколошката свест кај најмладите, кои Европската Унија ги има публикувано, ангажиран беше комплетен авторски тим кој овие брошури ги претвори во впечатлива еко-претстава за најмалите деца.

Режисерката Наташа Поплавска создавајќи актерска екипа, која како спој на искуство и младост, ја оформи приказната за девојчето Флора, дојдено како принцеза од еден егзотичен прекуокеански остров. Принцезата Флора е вознемирена од степенот на загаденоста на густо населените краишта од нашата планета. Со помош на своите другарчиња Том, Лила и Бени, успева да го спречи сечењето на шумите, промовира возење велосипеди наместо автомобили, ги запознава децата со рециклирањето... Карактеристично за претставата е тоа што изобилува со сонгови, видео-проекции и одлична актерска игра.

Претставата е вистински хит меѓу градинките и основните училишта од градот Скопје, кои преку организирани претстави наменети само за нив, се чести посетители на оваа претстава. Секако дека ЦВЕТНАТА УЛИЦА, покрај организирано, се игра и на нашиот редовен репертоар.

Сценографија:

Емил Петров

Костимографија:

Александар Ношпал

Музика:

Џенгис Ибрахим

Кореографија:

Олга Панго

published in Претстави
4 Јули 2013

Оливер Твист

Режија: Срѓан Јаникијевиќ
Автор: Чарлс Дикенс

Претставата е работена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, кој е лектира во основното образование. Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Срѓан Јаникијевиќ, им нуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Жанрот на претставата е оперета.

Д етето Оливер, филигрански одиграно од големата актерска надеж на овој театар Бојан Кирковски, е жртва на застарените општествени норми, според кои дете што е зачнато и родено вон брак е срам за целата фамилија. Заради непопустливоста на неговиот дедо по мајка, Оливер Твист израснува во сиропиталиште. Продаден да чиракува кај гробар побегнува во Лондон. Авантурите во Лондон што го носат на трагата на неговите дедо и полубрат, се проткаени со пеење и свирење во живо. Живото пеење и актерското следење на приказната доминираат за време на целата претстава. Оливер Твист е една од најбараните и најпосетуваните претстави кај децата над 8-годишна возраст.

Драматизација:

Срѓан Јаникијевиќ

Сценографија:

Кирил Василев

Костимографија:

Кирил Василев

Музика:

Игор Василев

Корепетитор:

Надежда Рубен

published in Претстави
30 Април 2014

Нашиот клас

Режија: Владимир Милчин
Автор: Тадеуш Слобоѓанек

„Наоколу стоеше толпата. Сите до еден познати. Соседи. Гледаа. Се мајтапеа“,
Дора во „Нашиот клас“, Лекција IX

ДРАМАТА: Група ученици, Евреи и католици, ги откриваат своите амбиции: еден сака да биде пожарникар, друг филмска ѕвезда, еден пилот, друг лекар. Ја учат азбуката. Полска, 1925. Како што децата растат, нивната земја ја распарчуваат странски војски, првин советската, а потоа нацистичката. Додека национализмот незапирливо се шири, внатрешните неправди се продлабочуваат; пријателите се предаваат едни со други; насилството ескалира. Антисемитизмот избувнува во серија силувања, убиства, мачења, за да кулминира во масовен погром, несекојдневен и монструозен чин кој тегобно одѕвонува до ден-денес. Убиени се речиси сите локални Евреи, спалени во амбар или убиени на градскиот плоштад. Само неколкумина успеваат да преживеат. Насилството не запира со крајот на војната. Започнува расчистување со минатото, но тоа е невозможна задача. Авторот се соочува со учеството на неговата земја во ѕверствата на минатиот век и ги следи соучениците низ времето – низ свадби, паради, раѓања, умирања, емиграции и помирувања. Нашиот клас, кој Слобоѓанек го објавува во 2009 година, е потресна приказна за комплицираните полско-еврејски односи во 20 век, за колективниот срам, за вистината која никому не е потребна и за историјата на која не може да ѝ се суди, не може да се реконструира, ниту, пак, може да се објасни. Драмата беше номинирана за престижната полска книжевна награда Нике за 2010 година, а Европската театарска конвенција ја рангира меѓу најдобрите современи европски драмски текстови напишани во 2009 и 2010 година.

АВТОРОТ: Тадеуш Слобоѓанек е драмски писател, режисер и театарски критичар. Роден е на 26 април 1955 година во Јенисејск, Сибир, но набргу по неговото раѓање, неговото семејство се враќа во Полска и се населува во Бјалисток. Завршува театарски студии на Јагелонскиот универзитет во Краков. Како театарски критичар, своите рецензии ги објавува, под псевдонимот Јан Коњецполски, во краковското двонеделно списание Студент и во неделникот Политика. Како драмски писател дебитира во 1980 година во Куклениот театар во Бјалисток. Од 2010 година Слобоѓанек работи како директор/режисер на варшавскиот Театар на Воли, каде што е праизведен Нашиот клас во режија на Анжеј Списак. Во мај 2012 е именуван за директор на Драмскиот театар Густав Холобек. Од 2001 Слобоѓанек е ангажиран како предавач на Лабораторијата за репортажа на Одделот за новинарство при Варшавскиот универзитет.

МУЗИКАТА: Марјан Неќак ја напиша музиката за сонговите „За сирачињата/Маријана“ и „Ѕвезда самотница“, со кој завршува претставата. Претставата започнува со песната „Детски години“ од Мордехај Гебиртих, поет и композитор, убиен од нацистите во гетото во Краков во 1942. Инструменталното „Танго на смртта“ било изведувано од логорашкиот оркестар во нацистичкиот концлогор Јановски во Украина. Музичката партитура на претставата е составена од современа клецмер-музика од повеќе изведувачи. Во паузата меѓу првиот и вториот дел ја слушаме песната Једвабне од Гери Лукас, потомок на рабинот Абрам Пјекарж. Целото семејство на Гери Лукас од мајчина страна било убиено во Једвабне.

ПОГРОМ: Погром е изблик на масовно насилство врз малцински верски, етнички или општествени групи. Обично подразбира подбуцнување и контрола од централните власти, или, во најмала рака, пасивност на локалните власти. Терминот влегол во широка употреба по немирите од 1881 и 1882 година во Руското Царство. Иако стандардниот руски бирократски термин за масовни немири бил беспорјадки (безредија), поради повремената употреба на зборот погром за опишување на настаните од 1881 и 1882, тој станал популарен на Запад. Оксфордскиот англиски речник бележи дека тој прв пат бил употребен во лондонски Тајмс од 17 март 1882 („Дека погромите [побуните против Евреите] мора да запрат...“), дефинирајќи го зборот како „организиран масакр во Русија заради уништување или истребување на која и да е група или класа: првично, и особено, применуван за оние што биле насочени кон Евреите“. Употребата на терминот погром за да се опише секој напад врз Евреи низ историјата ја прикрива големата варијација во размерите, природата, мотивацијата и намерата на таквото насилство во различни периоди. Положбата на Евреите како религиозни, општествени или политички „други“ ги прави погодна цел за насилство во Источна Европа за време на периодите на политички немири и социјални превирања. Козачкото востание против полското владеење во Украина во 1648, на пример, ги посочило Евреите како религиски туѓинци, а и како агенти на полскиот феудален систем. Во 19 и 20 век, погроми се случувале во полските погранични области со Австрија, Германија и, особено, со Руското Царство, каде што сложената општествена, политичка и економска матрица ги комплицирала меѓуетничките односи.

Погромот во Једвабне за кој зборува Нашиот клас се случил во јуни 1941 година. Според полските власти, убиени се 340 Евреи, а неофицијалните бројки одат до 1600. Последниот погром во Полска се случил по војната, во Кјељце во 1946. Во нападот врз Центарот на еврејската заедница,инициран од полските комунистички вооружени сили, а спроведен од толпа локални жители, биле убиени меѓу 38 и 42 Евреи.

Сценографија:

Крсте Џидров

Костимографија:

Марија Пупучевска

Музика:

Марјан Нечак

17 Декември 2014

Пат околу светот

Режија: Бојан Трифуновски
Автор: Бојан Трифуновски според романот ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 ДЕНА од Жил Верн

Пријателството е најголемиот изум на нашата цивилизација. Љубовта е најмоќната сила на планетата. Ова се најважните пораки од нашата претстава, која ги прикажува нашите херои Паспарту и Филијас Фог во брза и динамична авантура околу светот за 80 дена. Хуморот и музиката се носители на пораките за одговорност, верност и принципиелност во време на распаѓање на моралот, војни и неизмерна алчност. Водени од потребата за подобар свет кој ќе се базира на знаење, храброст и љубов, Паспарту и Филијас Фог се запознаваат со многу култури на речиси сите континенти. Целиот свет како да заборавил колку е убав и раскошен. Секој на секого му е волк. Различностите што не дефинираа како богати култури се исчезнати. Сите се еднакво несреќни, сите се еднакво цинични, сите се еднакво загубени. Но, Паспарту и Филијас со својата етичка и позитивна мисла имаат намера да почнат промена. Сакаат свет во кој ќе бидеме горди на своите достигнувања, во кој добрата идеја ќе биде наградена, во кој децата ќе растат на вистинските принципи на соживот, разбирање, споделување и развој.

Сценографија:

Срѓан Митровиќ, Кирил Василев

Костимографија:

Искра Џокиќ

Музика:

Џијан Емин

Кореографија:

Симона Спировска

12 Април 2017

Мачорот во чизми

Режија: Игор Ивковиќ
Автор: Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо)

Неуморниот патник, бистриот и брлив мачор Макс, почнува нова животна авантура. Во моментот кога неговиот газда, стариот воденичар, го напушта овој свет, тој една вечер сосема случајно ќе ги спаси волшебните чизми Енесија и Акајсија од мрачната пештера на злобниот вештер Ужвекс. Ѕверот волшебник поради тоа почнува да го уништува кралството. Без чизмите ја губи волшебната моќ. Со помош на неговиот помошник, Кенгурот Џексон, кој игра оди и пее како поп иконата Мајкл Џексон, прават пакосен план со цел да си ги врати чизмите. Мачорот Макс останува да живее со Каспер, најмладиот син на воденичарот. Макс му ветува дека ќе го ожени за принцезата Сесилија во знак на благодарност што од целиот имот на татко му тој го избрал него. Ѕверот Ужвекс дознава за нивната цел и тој со Џексон ја граба принцезата Сесилија со цел да го намами Макс да дојде во неговата пештера со чизмите за да може да си ги задржи за себе. Низ бројни комични ситуации, Макс, херојски го надмудрува злобниот Ужвекс и со помош на магионичарски трикови и илузии ја спасува принцезата Сесилија. Ова е приказна која ги глорифицира херојството, пожртвуваноста и пријателството, а ги иронизира и исмејува злобата и пакоста. Претставата е своевидно магионичарско илуминативно шоу во кое, како ретко каде, магионичарските трикови се во функција на создавање уште едно добро дело.

Сценографија:

Маре Трајковска-Стефаноска

Костимографија:

Маре Трајковска - Стефаноска

Музика:

Виктор Апосотолвски

Кореографија:

Валентино Апостоловски

Магија:

Гого Реквием (Георги Гавровски)

Рецензии

(globusmagazin.mk) "Мачорот во чизми" - музичко магионичарска илузионистичка бајка

(fakulteti.mk) „Мачорот во чизми“ - со илузии и трикови ги освојува децата

Прес центар

(plusinfo.mk) Премиера на „Мачорот в чизми“ утре вечер

(kurir.mk)„Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(netpress.com.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(vistina.mk) Ппремиера на Театарот за деца и младинци на „Мачорот во чизми“

(a1on.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(sitel.com.mk) „Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

(mia.mk) „Мачорот во чизми“ - премиера на Театарот за деца и младинци

(telegraf.mk) ПРЕТСТАВА СО МАГИОНИЧАРСКИ ТРИКОВИ: „Мачорот во чизми“ од утре на сцената во Театарот за деца и младинци (ФОТО)

(kanal5.com.mk) „Мачорот во чизми“ – премиера на Театарот за деца и младинци

(republika.mk) Театарот за деца и младиници ја најави хит претставата „Мачорот во чизми“

(vecer.mk) "Мачорот во чизми" - детско шоу со магија и илузии...

(cooltura.mk) „Мачорот во чизми“ премиерно во Театарот за деца и младинци

published in Претстави
6 Декември 2017

Владимир Лазовски

Образование

Универзите Св. Кирил и Методиј, Скопје - Факултет за драмски уметности (ФДУ) 1985 - 1989

Професионално искуство

Вработен во Театар за деца и младинци во Скопје 1993 -

ПРЕТСТАВИ ОДИГРАНИ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

  • Беше еднаш на Дивиот Запад
  • Зрното Грашок и Принцезата
  • Спомени во ноќта
  • Пинокио
  • Како сон
  • Снежана и седумте џуџиња
  • Малиот Принц
  • Светло-синото куче Петар
  • Убавицата и Ѕверот
  • Пупи Паф
  • Пепелашка
  • Могли
  • Крале Марко
  • Македонска Приказна
  • Јане Задрогаз
  • Силјан Штркот
  • Лакомата Меца
  • Црвенкапа
  • Чук Чук Стојанче
  • Ѕвезден Коктел
  • Папагалчето Рики
  • Кралот Кускуле Први
  • Три древни приказни
  • Попот и неговиот слуга Будал
  • Баш Челик
  • Телефонот
  • Волшебната флејта
  • Девојчето со кибритчиња
  • Дете Голомеше
  • Сон на Летната ноќ
  • Малата Сирена
  • Бескрајни Соништа
  • Алиса во земјата на чудата
  • Цветната Улица
  • Декамерон
  • Пипи долгиот чорап
  • Оливер Твист

Награди

Награда за најдобро актерско остварување - Крале Марко
(Меѓународен фестивал на театри за деца - Суботица, СР Југославија)1999

Награда за најдобро актерско остварување - Лакомата Меца
(Меѓународен куклен фестивал на мали форми - Крагујевац, СР Југославија)2001

Награда за најдобро актерско остварување - Попот и неговиот слуга Будал
(Меѓународен куклен фестивал Златна Искра - Крагујевац, Р. Србија2007

Награда за најдобро актерско остварување - Попот и неговиот слуга Будал
(Которски фестивал на театри за деца - Котор, Р. Црна Гора)2007

Специјална диплома за куклена анимација - Папагалчето Рики
(Меѓународен куклен фестивал „Златна Искра“ - Крагујевац, Р. Србија и Црна Гора)2004

published in Актери

Режија: Владимир Милчин
Автор: По делата на: Данил Хармс, Франциско де Гоја, Антонио Буеро Ваљехо

ПИСМО ДО ГЛЕДАЧИТЕ

Се разбира дека сликарот Франциско де Гоја (1746-1828) и писателот Данил Хармс (1905-1946) не можеле да се сретнат ни во просторот ни во времето. Првиот се родил во преднаполеоновска Шпанија, а умрел во Франција во врeмето кога со Шпанија повторно владеел злобниот автократ Фернандо VII. Вториот се родил во царска Русија, а умрел од изгладнетост во затворска болница во Ленинград кога во СССР владеела челичната тупаница на Сталин. А сепак, Гоја и Хармс се среќаваат во нашата претстава во Театарот за деца и младинци. Претходникот на модерното сликарство и претходникот на литературата на апсурдот. И едниот и другиот многу пред своето време. И денес, „црните слики“ на Гоја и гравурите од неколкуте албуми претставуваат предизвик и загатка за толкувачите на уметноста, исто како Хармсовите стихови, прозни дела и драми. И едниот и другиот паднале во немилост кај семоќните властодршци и биле прогонувани од чуварите на идеологијата, верата и моралот. И едниот и другиот биле излепени со етикети како тараби. Некои од тие етикети се во употреба и денес, во современите автократии.

Владетелите се сменуваат, но времињата не се менуваат кога се работи за омразата со која владетелите ги „даруваат“ оние кои си ја земаат слободата да бидат несреќни во „најубавитеод ситесветови“.

Покрај горчината што ја предизвикува лошото судство, покрајиспаколиченоста на војната и материјалните страдања, постојат идруги таинствени страдања од психичка природа од кои се состоичовечкиот живот, како и серијата гравури на Гоја, од „каприци“,„несреќи“ и „бесмислици“. (...) Во Гоја имаме еден од генијалнитепредци на модерниот човек. Тој е едновремено и антрополог,психијатар, психолог и социолог и, пред сѐ, голем хуманист, а не ироничен темперамент како неговите пријатели, многусамоуверени и убедени дека другите биле оние кои грешеле. Гојаги исмева сите и се поплакува на сѐ, а тие поплаки потекнуваат,можеби, од набљудувањето на сопствените слабости и истоштеност,пишува Х. К. Бароха во својата студија „Вештерките и нивниот свет“.

Сликите и гравурите на Франциско Гоја создадени во „Куќата наглувиот“, во која се бидел да се засолни од автократот ФернандоVII, не се фантастична уметност, тие се грозоморна вистина која гооткрива вистинскиот пекол.

За сцените од животот на Гоја користевме одломки од „Сонот наразумот“ од Антонио Буеро-Ваљехо, најеминентниот шпанскидрамски автор по Лорка. Драмата „Сонот на разумот“ е напишанаво 1970 година.

Во 1931 година Хармс бил уапсен за подметнување антисоветски идеи во неговата детска литература. Тој ја поминал краткотрајната казна во прогонство во Курск заедно со Александар Веденски, исто така член на групата ОБЕРЈУТИ. Неговата прва жена, Естер Русакова, била осудена на петгодишна робија во Гулаг во 1936 и подоцна умрела во затвор. Неговиот пријател Олејников, член на ОБЕРЈУТИТЕ, бил стрелан во 1937. Во 1939 на Хармс му била дијагностицирана шизофренија и бил ослободен од служење војска. Во август 1941 бил уапсен и обвинет за ширање паника и антисоветска пропаганда.

Затворен во психијатриска затворска болница во Ленинград завреме на првата и најтешка зима на германската блокада, Хармс умрел од изгладнетост на 2 февруари 1942, на возраст од 36 години. Истата зима од изгладнетост умрел уште еден ОБЕРЈУТ, сликарот Павел Филонов. Во 1956 Хармс бил рехабилитиран, но неговите песни, прозни дела и пиеси не биле објавени во Русија сѐ до втората половина на 1980-тите години.

Надежда Толокоњикова од групата „Пуси рајот“, во својата завршна одбрана на судењето во 2012 година: „По цена на нивните животи, поетите од групата ОБЕРЈУТИ неотповикливо докажале дека нивното фундаментално доживување на бесмисленоста и нелогичноста било точно. Тие го почувствувале нервот на нивната епоха. Така уметноста го досегнала рамништето на историјата... Поетите од групата ОБЕРЈУТИ ги сметаат за мртви, но тие се живи. Казнети се, но не умираат“.Во нејзината книга „Мојот маж Данил Хармс“, неговата втора жена, Марина Дурново, пишува за повикот да се пријави во женските работнички чети кои копале ровови за одбрана на Ленинград летото1941. Таа имала големи здравствени проблеми и знаела дека може да умре од напорната работа. Хармс ѝ ветил дека ќе ѝ каже нешто што ќе ја спаси. Со денови одел на гробот од татко му на гробиштата надвор од градот. Постојано се враќал без ништо и ѝ велел дека мора да почека. Најпосле ѝ соопштил дека татко му му открил два збора: црвен шал. Чекорејќи во редицата пред центарот за регрутирање таа си повторувала „црвен шал“ и била ослободена од работната обврска. Но Хармс не можел да се спаси себеси без оглед на моќта со која можеби располагал. Едно саботно августовско утро во 1941 година „три чудни човечиња“ од НКВД дошле во нивниот стан за да го одведат со комбе. Марина ги молела да ја земат и неа.

Таа и Хармс седеле во комбето и се треселе. Хармс и Марина биле одведени во приемното одделение на затворот Љубјанка каде што двајца мажи го истуркале Хармс надвор и ја оставиле Марина сама. Таа никогаш повеќе не го видела. Со месеци се распрашувала каде го држат. Најпосле дознала дека се наоѓа во затворската болница на брегот на реката Нева и успеала два пати да му однесе храна. Но при третата посета, лебот што го носела за Хармс ѝ бил вратен и ѝбило речено дека умрел.

Апсурдноста и хаосот на егзистенцијата и очигледното отсуство на Бога во сеопштата збрка се сами по себе доказ за еден трансцендентен Бог. За еден забавен Бог? За Бог кој можеби ужива смеејќи се на наша сметка, поентира Јан Фрејзер во својот есеј за Хармс објавен во Њујоршката книжевна ревија на 7 мај 2015 година под насловот „Чудно забавен руски гениј“.

Во срцевината на нашата претстава се прашањата за апсурдноста и хаосот на егзистенцијата, за отсутноста на Бога од светот во кој страдаме и за заспаниот човеков разум кој раѓа чудовишта, луѓе сведени на човечиња, обезличени во човечкото стадо.

Играат:

Драган Довлев

Мартин Јорданоски

Мики Анчевски

Владимир Лазовски

Предраг Павловски

Ана Левајковиќ

Тања Кочовска

Емра Куртишова

Наташа Петровиќ

Симона Спировска

Scenografija:

Крсте С. Џидров

Kostimografija:

Марија Папучевска

Костимографија:

Маја Димовска

Музика:

Владимир Милчин

21 Октомври 2015

Животинска фарма

Режија: Александра Кардалевска
Автор: Според истоимениот роман на Џорџ Орвел

Претставата е работена според истоимениот роман на Џорџ Орвел, а по драматизацијата на Гај Мастерсон.Оваа претстава зборува за вечната тема, како се распаѓаат системите кои што се изградени и зачнати со чисти идеи, за моќта и опиеноста од истата, за манипилациите и измамите и за тоа како револуциите на крајот ги јадат сопствените деца. Орвел на  саркастичен начин дава совршено прецизна слика за системите кои што цилкично се менуваат низ историјата и секогаш го имаат истиот тек и секогаш завршуваат на истиот начин, дали очигледно или скриено под илуизиите за среќно општество во кое што сите се среќни и задоволни со она малку кое што системот им дозволува да го имаат. Самата идеја да се прикаже трулежот во човечкото општество низ призмата на животните од една фарма кои што решаваат да се ослободат од човечкото ропство, изобилува со драмски потенцјал и ветува дека на еден суптилен начин ќе ја соочи публиката со она кое што всушност преставува дел од нејзиното секојдневие, без разлика на тоа каде и во кое време тоа се случува. Кардалевска низ суптилни знаци, во една модерна и современа атмосфера, ѝ покажува на публиката дека сите ние живееме во една глобална фарма и колку и да веруваме во тоа дека можеме да ги согледаме манипулациите со кои што системот се обидува да не замајува, многу често потпаѓаме под влианието на она кое што е наше секојдневие и запаѓаме во општата летаргија на ништо не правеењето и стравот од тоа дека можеби би можело да биде и полошо, нејчесто заборавајќи дека сепак ако нешто направиме, исто толку би можело да биде и подобро.

Oваа претстава е наменета за онаа публика која во својата најрана фаза, за прв пат во животот се судира со системот.  Во она време кога општата бунтовност се буди во младите карактери, кои што во тој момент се формираат и се гладни за знаење и информации, неопходно е потоењето на една ваква претстава која што обработува едно од најважните дела ва историјата на литературата  и истовремено зборува за еден општ проблем кој веќе почнува да ги засега.

Драматизација:

Гај Мастерсон

Сценографија:

Никола Кунгуловски

Костимографија:

Маја Димовска

Музика:

Бернејс Пропаганда

Страница 2 од 2
FaLang translation system by Faboba

Месечен репертоар

Мај 2024
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Маркетинг